33.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Старт на производството на Mercedes EQS / ФОТО

Најчитани вести

Со лансирањето на електричниот седан EQS, брендот од Штутгарт дефинитивно отвори ново поглавје во својата славна историја

Замислен е како батериски пандан на конвенционалната S-класа и не е изненадувачки што и двата модела излегуваат од производните линии во фабриката во Синделфинген.

Во оваа фабрика се вработени 1.500 лица, а Mercedes особено ја потенцира модуларноста на монтажните линии и големата можност за „маневрирање“ во врска со производството на одредени модели, во зависност од тоа дали има побарувачка во одреден момент или не.

Mercedes EQS дефинитивно означува почеток на нова ера за германскиот бренд. Станува збор за модел кој се базира на специјална платформа наменета само за електрични автомобили. Едноставноста на погонскиот агрегат и неговите мали димензии овозможуваат големи надворешни димензии на возилото, но и исклучително пространа кабина.

Електричниот седан првично ќе биде достапен во две конфигурации: 450 RWD и 580 AWD. Првата варијанта располага со 329 КС, а моќноста се пренесува на задните тркала, додека втората верзија е достапна со погон на сите тркала, а возачот на располагање има 516 КС. Mercedes веќе објави дека нешто подоцна ќе пристигне уште помоќно издание, кое најверојатно ќе го носи знакот AMG.

„Lуксузниот EQS поставува нови стандарди со автономија од 770 километри според протоколот WLTP. Овој модел претставува одржлив пристап низ целиот синџир на снабдување, животниот циклус сè до процесот на рециклирање“, вели Маркус Шефер, еден од членовите на Управниот одбор на Mercedes.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести