23.8 C
Skopje
Friday, June 25, 2021

Стан изгоре во пожар, неколку лица побарале помош поради вдишан чад

Најчитани вести

Еден трособен стан целосно изгоре, а повеќе станари побарале медицинска помош поради вдишан чад во пожар што денеска околу 12 часот и 30 минути избувна во станбениот комплекс 87 на булеварот „Илинденска” во Тетово.

Од оган беше зафатен стан на вториот кат од четиркатница, а чадот се раширил низ сите станови.

– Прво гледав да ја спасам фамилијата. Кога ги викавме пожарникари беа тука за пет минути, многу брзо дојдоа. За среќа нема повредени, можеби малку од чадот имаат вдишано, ама беа тука до брзата помош и се во ред. Зградат нема хидранти. Пола Тетово нема хидранти, изјави жител на зградата.

Територијалната противпожарникарска единица Тетово интервенираше со три возила и девет пожарникари.

– Освен што го изгасивме огнот, направивме и евакуација на дел од станарите. Чадот ги зафати сите станови, а поради огнот целосно е уништен еден стан од три соби на вториот кат. Спречивме да се прошири огнот во другите станови, изјави Ука Алити, командант на тетовските пожарникари.

Една жена е однесена со возило на Итната медицинска помош во болница за интервенција.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести