13.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Становите од поранешна ЈНА ќе може да се откупуваат, барањата се поднесуваат до 15 јануари

Најчитани вести

Корисниците на станови од поранешна ЈНА досега ги користеа становите без право да се стекнат со сопственост
Припадниците од Министерството за одбрана и од Армијата кои речиси три децении живеат во станови добиени од фондот на поранешна ЈНА, без право да добијат сопственост, отсега ќе имаат можност да ги откупат. До 15 јануари 2022 ќе треба да поднесат барање за откуп на станот до комисијата формирана во рамки на Министерството за транспорт и врски.

Право на откуп ќе имаат оние лица кои имаат решение за користење на станот, а се државјани на Северна Македонија, лица кои се или биле вработени во Министерството за одбрана и во Армијата најмалку десет години или се стекнале со право на пензија, како и лица од семејства во кои сопственикот е починат, но имаат документ за користење на станот.

Со барањето за купување на станот, треба да се поднесе и решение за користење на станот, фотокопија од лична карта, уверение за државјанство, потврда од Агенцијата за катастар на недвижности со кое се потврдува дека корисникот нема стан или куќа во своја сопственост или во сопственост на член од неговото семејство, како и потврда од Министерството за одбрана дека корисникот е во работен однос во МО и во АРМ најмалку десет години.

Министрите за транспорт и врски и за одбрана Благој Бочварски и Радмила Шекеринска на денешната заедничка прес-конференцијја појаснија дека документацијата се доставува во оргинал или копија заверена на нотар, не постара од шест месеци, а продажната цена на станот, се утврдува врз основа на градежната вредност, трошоците за уредување на градежното земјиште, местоположбата и амортизацијата на станот. Цената ја утврдува АД за стопанисување со станбен и деловен простор.

Право на откуп ќе немаат оние корисници на станови кои веќе имаат стан или куќа во лична сопственост или во сопственост на некој член на домаќинството.

Корисниците на станови кои нема да поднесат барање за откуп, ќе случат договор за закуп, односно договор за користење со месечна кирија што ќе ја определи АД за стопанисување со станбен и деловен простор.

„Ова е една од темите која ја отвори Генералштабот и многу припадници кои работата во Армијата уште во далечната 2018 година. Тогаш се сретнавме за првпат и можев да видам дека нашите сегашни вработени во Министерството за одбрана и некои поранешни пензионери веќе беа уморни од нереализираните ветувања дека ова прашање ќе се реши. Еден период им било ветувано дека ќе можат да ги откупат становите, еден период дека ќе можат да добијат стан во рамки на т.н. проект ‘АРМ мој вистински дом’, но годините минувале, а ова прашање не е никогаш решено. На првите состаноци кога реков дека ова прашање може да се реши, свесна бев дека на другата страна има многу голема недоверба. Од тој момент започнавме да комуницираме со сите институции, а соработуваме и со Собранието бидејќи и тие беа контактирани од поранешни припадници на Армијата“,

рече Шекеринска.
Деновиве, како што посочи, завршени се сите неопходни чекори за да почне да се применува Законот за продажба на станови од поранешниот фонд на ЈНА, кој Собранието го донесе на 15 јули. Во рамки на Министерството за транспорт и врски формирана е комисијата составена од членови на повеќе институции, која ќе одлучува по барањата.

Корисниците на станови од поранешна ЈНА досега ги користеа становите без право да се стекнат со сопственост.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com