28.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Ставрев повторно ќе му суди на Вардар, Ецкоски на дербито во Струмица

Најчитани вести

Најдобриот макеоднски судија Александар Ставрев за четири дена повторно ќе му дели правда на лидерот и најтрофеен македонски клуб Вардар, откако е делегиран и за вонредното 11-то коло в среда (14.30 часот) во кое црвено-црните го дочекуваат Борец.

Вардар по ремијата во Тетово пред репрезентативната пауза и завчера во Ѓорче Петров, сега ќе се обиде да се врати на победничките патеки против новиот прволигаш, кој го напушти последното место. Велешани имаат 11 бода, но ниту еден на гости досега во сезонава, а на Ставрев стандардно ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов.

Дербито во колото се игра во Струмица каде е пресметката на втората Академија Пандев со третата Македонија ЃП, дуел кој му е доделен на охриѓанецот Марјан Ецкоски со помошниците Злате Лозаноски и Николче Дрнковски, а дополнителни судии зад головите ќе бидат Јован Качевски и Благојче Ралевски.

Второто дерби во колото се игра на Чаир, каде Шкупи ќе го дочека последниот Работнички и дуелот ќе го суди Марјан Гоцевски. Во Тетово, Шкендија го пречекува Силекс, а главен арбитар е Крумислав Ѓорѓиев, додека во Струга е пресметката на Струга Трим Лум со Ренова каде правда ќе дели Петар Мантев.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести