Стабилна е состојбата на болничарката од Инфективна, којашто е заразена со конго-кримска хеморагична треска, потврдуваат за МТВ од клиниката.
Таа добива терапија со лекот „Рибавирин“, што се користи како превентива од тешки форми на болеста. Во последните 24 часа, пациентката немала температура.
Таа е вториот потврден случај, откако се зарази од жената од Штип, која почина по убод на крлеж. Контактите од првиот случај повеќе не се под здравствен надзор.