17.8 C
Skopje
Tuesday, June 22, 2021

ССМ се ребрендира во „Здружение со иста цел“

Најчитани вести

Сојузот на синдикатите на Македонија се ребрендира во „Здружение со иста цел“ со цел поефикасни и повидливи ангажмани за членството и работниците, информираат од сојузот.

Како што стои во соопштението, новото и ребрендирано делување на ССМ е негова определба и предизвик и за престојниот период во кој ќе насојуваат нивните ангажмани да бидат поефикасни и повидливи за членството и работниците.

Додаваат дека членството е нивната сила, неговата доверба е нивна моќ и мотив за делување.

СИТЕ НИЕ, ЗАЕДНО ЗДРУЖЕНИ ВО ССМ, СМЕ НАСОЧЕНИ КОН ИСТА ЦЕЛ – ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ДОСТОИНСТВО НА ТРУДОТ И РАБОТАТА ИЗРАЗЕНО ПРЕКУ: ПОВИСОКИ, РЕАЛНИ И ФЕР ПЛАТИ, НАМАЛУВАЊЕ НА СИРОМАШТИЈАТА, СОЦИЈАЛНА СИГУРНОСТ, УНАПРЕДЕН СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ, ЗДРАВИ И БЕЗБЕДНИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА, ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВАТА ОКОЛИНА, СОЛИДАРНОСТ И ЕДНАКВОСТ БЕЗ ДИСКРИМИНАЦИЈА ПО НИЕДЕН ОСНОВ, СЕ НАВЕДУВА ВО СООПШТЕНИЕТО.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести