10.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

ССМ: Денеска 92 проценти од работниците требаше да одмараат, а останатите да добијат повисоки дневници

Најчитани вести

Сојузот на синдикатите на Македонија денеска реагира на недонесувањето на законот со кој недела требаше да биде ден на неделен одмор и бара од пратениците одговори зошто не го направија тоа.

-Денеска требаше да одмараат 92 проценти од вработените, а осум проценти од работниците кои заради спецификите на работните места требаше да работат ќе беа платени со најмалку 50 до 100 отсто додаток за работа во ден на неделен одмор, се вели во соопштението од ССМ.

Од синдикатот ги прашуваат пратениците зошто не нашле време и разбирање за работниците да го изгласаат законското решение со кое се прогласуваше недела за ден на неделен одмор.

– Дали знаат дека работниците денеска работат и за тоа не се платени дополнителнo за најмалку плус од 50 до 100 отсто на нивната дневница? Ќе ги потсетуваме секоја недела, колкава штета му се прави на работникот поради политички игри и интриги, велат од ССМ. 

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com