-3.2 C
Skopje
Wednesday, January 19, 2022

Српското движење „Еколошко востание” најави блокада на зградата на Владата

Најчитани вести

Движењето Еколошко востание заедно со други организации денеска најави блокада на зградата на Владата на Србија на седницата закажана за 12 часот. Најавено е дека блокадата на зградата на српската Влада ќе трае се додека не се укине уредбата за просторниот план на специјалното наменско подрачје за реализација на проектот Јадар и додека на веб-страницата на Владата не се објават сите потпишани документи со Рио Тинто.

Еколошко востание најави дека ќе бара претставниците на тоа движење да присуствуваат на седницата на Владата и да побараат на дневен ред на седницата да биде ставена точка со која ќе се поништи уредбата за проектот Јадар.

„Ова е последен во низата обиди да се изврши притисок врз нашите институции, конечно да почнеме да работиме во интерес на граѓаните и во интерес на зачувување на нашата држава и нашиот народ. Доколку нашите барања се игнорираат, владата ќе биде единствена одговорна за се што ќе се случаи во следните денови при блокади и протести”, се вели во соопштението.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com