5.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

Српски стручњаци кандидати за тренери на Интер и Јувентус

Најчитани вести

Италијанските медиуми во денешните изданија најмногу се занимаваат со Јувентус и Интер. Двата тима, особено Јувентус, играат под сите очекувања од почетокот на сезоната.

Добивај вести на вибер

По седум кола, Интер има 12, а Јувентус 10 бода. Вчера, Интер загуби од Удинезе (3:1), а Јуве потклекна во Монца (1:0).

Медиумските шпекулации велат дека наскоро тренерите на Интер и Јувентус, Симоне Инзаги и Масимилијано Алегри ќе добија откази.

Она што е интересно како нивни наследници најчесто се споменуваат српски тренери.

Наводно Синиша Михајловиќ е сериозен кандидат за клупата на Јувентус, а со Интер се поврзува Дејан Станковиќ.

Михајловиќ пред 10 дена доби отказ на клупата на Болоња, додека Станковиќ си поднесе оставка на функцијата во Црвена звезда, откако не успеа да избори пласман во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com