19 C
Skopje
Thursday, March 4, 2021

Српските медиуми тврдат: „Карлеуша и Тошиќ се разведуваат“ – пејачката се огласи и ја откри вистината

Најчитани вести

Од почетокот на самата година, српските медиуми не престануваат да пишуваат за приватниот живот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ.

Меѓутоа, деновиве курир.рс и уште неколку други медиуми пишуваат дека Карлеуша и Тошиќ дефинитивно се развеле по 11 години брак. Наводно, на Карлеуша и припаднало старателството на малолетните ќерки, 3 000 евра и новата вила на Дедиње, додека на Душко му припаднал пентхаусот во кој претходно живееле.

По овие написи, Јелена Карлеуша се огласи на својот „Инстаграм“ и уште еднаш ги демантираше овие пишувања.

„Овие од Курир и останатите дневни весници, веќе 11 месеци се обидуваат да ми го уништат семејството. Толку отворена желба и омраза во животот, немам видено. Отворено, без срам. Кога 11 месеци не успејаа, а се трудеа, отидоа чекор напред – курир.рс ме разведе, ми го подели имотот, ја определи алиментацијата и се тоа додека мојот сопруг се наоаѓа на другиот крај од светот. Ова омраза и желба да се наштети на моето семејство кога – тогаш мора да се врати. И вие имате деца. Кармата е чудо. Само полека“ напиша Јелена на својот „Инстаграм“.

За потсетување, кризата во бракот на Јелена и Душко започна кога во медиумите беа објавени експ*ицитни фотографии од пејачката кои наводно ги праќала на Огњен Врањеш, босанскиот фудбалер со кој наводно Јелена го изневерила сопругот.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести