-2.2 C
Skopje
Sunday, February 5, 2023

Српската премиерка: На раб на војна сме на Косово

Најчитани вести

Премиерката на Србија утринава на белградскиот аеродром отвори нова воздушна линија меѓу Белград и Тијанџин во Кина. Таа во таа прилика ја коментираше и тензичната ситуација на Косово.

„Денес имате ваков ден, прекрасен ден, нешто на што работиме повеќе од две години, воведување на директната линија на нашиот превозник со Пекинг. И имате ситуација кога некој во Приштина ве враќа назад не во 19-тиот, туку во 18 век. Имаме инвеститори, работни места, сѐ повеќе млади се враќаат од дијаспората, а некој постојано ве враќа во 18 век. И мислам дека сѐ што направи Курти е опасност не само за Србите, туку и за Албанците, за цела Европа, и дека тоа е политика на 19 век“, рече Брнабиќ.

Таа додаде: „Курти нѐ доведе сите на работ на војна. Не го стори тоа сам. Тие не ги штитат Србите на Косово и Метохија. Ние веќе сега секојдневно гледаме прекршувања на Кумановскиот и Бриселскиот договор. Поради тоа сме многу блиску до тоа, Вучиќ денеска ќе даде повеќе информации, за да побара враќање на нашите сили на Косово и Метохија“.

„Доведени сме до работ на оружен судир. Нè доведе една неодговорна личност. Претседателот Вучиќ зборуваше за тоа повеќе од 10 пати. Тој човек, Курти, секој ден носи одредена нестабилност. Доволна е само искра. Не можам да ги разберам ни НАТО ни КФОР, ни ЕУЛЕКС, бидејќи на територијата на Косово и Метохија немате владеење на правото или гарантирани основни човекови права“, заклучи српската премиерка Брнабиќ.

Шефот на канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада, Петар Петковиќ, во четвртокот вечерта, по повод влезот на двесте косовски полицајци во северниот дел на Косовска Митровица, изјави дека Србија „ќе размисли“ за враќање на до 1.000 припадници на армијата и полицијата на Косово, во согласност со резолуцијата 1.244 на Советот за безбедност на ОН.

Косовските медиуми на српски јазик објавија дека по 20 часот во четвртокот меѓу 200 и 300 полицајци придружувани од оклопни возила влегле во северниот дел на градот, кој е претежно населен со Срби, и дека биле распоредени на периферијата на градот, по што Петковиќ закажа вонредна конференција за новинарите во владата на Србија.

Неговата оценка е дека косовскиот премиер Албин Курти со испраќањето на полицијата „продолжува со незаконски и насилни акции“ насочени кон „окупација на северот на Косово“, кој е претежно населен со Срби.

Тензиите на северот траат со месеци, а неодамна се интензивираа во кампањата на Приштина за воведување на пререгистрација на табличките за косовските градови издадени во Србија на табличките РКС / Република Косово, што локалните Срби, со поддршка на Белград, го одбиваат, па нивните претставници во знак на протест ги напуштија косовските институции.

По низата притисоци од Брисел и Вашингтон, беше постигнато привремено компромисно решение, но тензиите не завршија бидејќи Приштина сака да воспостави систем на управа на целата територија на Косово, додека Белград инсистира на почитување на Бриселскиот договор, со кој косовската влада, под покровителство на ЕУ, се обврза на формирање на Заедницата на српски општини.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести