26.8 C
Skopje
Wednesday, June 16, 2021

Српската полиција во голема акција против антиваксерите

Најчитани вести

Српската полиција, по наредба на обвинителството, утрово ја уапси Јована Стојковиќ под сомнеж дека сторила кривично дело предизвикување паника со ширење лажни вести и објави на социјалните мрежи против вакцинацијата.

Како што јавуваат српските медиуми, во тек е голема полициска акција против таканаречените „антиваксери“, во која се уапсени пет лица.

Лекарката Стојковиќ е претседател на движењето „Живеам за Србија“, а попладнево е спроведена во Обвинителството за високо технолошки криминал. По сослушувањето ќе биде познато дали обвинителството ќе бара од судот да и одреди некоја мерка за забрана или притвор.

Јована Стојковиќ го пренесуваше во живо на социјалните мрежи претресот.

„22 Години одев на училиште и да не можам да го зборувам тоа што сум го учела. За да ме апсат во 6.30 наутро. “

Според медиумите, Стојковиќ е позната по своите антивакцинални ставови и ставови кои се во спротивност со сите официјални препораки и мислења на медицинската струка. Сопругот на Стојковиќ по распитот во полиција е пуштен да се брани од слобода и, како што изјави, против него е поднесена кривична пријава за попречување на службено лице во вршењето на своите должности, бидејќи го снимал претресот во нивниот дом и се расправал со полицијата.

Покрај неа приведена е и Јелица Дабовиќ, најстарата сестра на некогашните кошаркарки Ана и Милица Дабовиќ.

Инаку Србија се соочува со слабиот одзив на граѓани за вакцинација. До сега во земјата целосно се вакцинирани околу 1 милион граѓани, и се соочува со опасност да и остане голема количина од вакцините.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести