Кон главниот влез во претседателството се упатиле, како што наведоа,за да му предадат барања на претседателот на Србија Александар Вучиќ, а главниот е прекин на дијалогот со Косово.
Собирот го организираше десничарската организација „Народна патрола“, која јавно зборува за своите врски со руската паравоена формација Вагнер група. Државата не само што е подготвена да се спротивстави на насилството, туку ќе реагира многу ефикасно, брзо, сериозно и многу одговорно, изјави претседателот Александар Вучиќ, кој се сретна со лидерите на министерството за внатрешни работи и безбедносните агенции по заканите кои беа упатени на протестот
Вучиќ рече дека тоа не се неформални групи и дека ги поддржуваат најмалку четири парламентарни партии чии претставници биле на протестот.
Знаеја што прават, се беше испланирано“, изјави Вучиќ. Не знае, вели, дали се „проруски настроени“, но знае дека „тие се антисрпски, затоа што прават се против Србија и нивниот народ“. Има длабоки емоции кон Русија и кон рускиот народ, истакна Вучиќ, и додаде дека србија е единствената што не им воведе санкции.