Home » СРЕЌАТА ИМА НЕПРЕДВИДЛИВИ ПАТИШТА Зоран Рајчиноски е новиот милионер на Видеолотарија

СРЕЌАТА ИМА НЕПРЕДВИДЛИВИ ПАТИШТА Зоран Рајчиноски е новиот милионер на Видеолотарија

by Журнал.мк

Зоран живее и работи во Швајцарија. Тој е најнов среќен милионер, сопственик на посакуваната Милионер џекпот добивка, вредна 1.484.867 денари.

Среќата има возбудливи и непредвидливи патишта. Ова со сигурност може да го потврди играчот Зоран Рајчиноски од Бела Црква, кој е најнов среќен милионер, сопственик на посакуваната Милионер џекпот добивка, вредна 1.484.867 денари.

Зоран живее и работи во Швајцарија. Тој посакал да се забавува на видеолотариските терминали во Банана Кик Воѓани на 04.11.2022. Играл една иста игра, 20 Super Hot која се покажала како среќен избор. И покрај тоа што го променил видеолотарискиот терминал, одлучил да продолжи да ја игра истата игра, па среќата го наградила со посакуваниот сигнал кој означува дека тој е добитникот на Милионер џекпот.

Моментално нема прецизна одлука како ќе ги потроши парите од добивката, но секако и тоа ќе се случи откако возбудата ќе стивне.

Милионер џекпот ќе продолжи да ги радува играчите со добивки од 1.200.000 до 1.800.000 денари и во иднина.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More