17.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

Средношколците ќе можат да се запишуваат онлајн во иднина, МОН ќе ја презентира новата дигитална услуга

Најчитани вести

Министерството за образование и наука денеска ќе ја презентира новата дигитална услуга – „Електронски уписи на ученици во средни училишта“, која ќе овозможи средношколците во иднина да имаат можност да се запишуваат онлајн.

Услугата влегува во рамките на проектот „Дигитализација на услуги во образовниот сектор“ поддржан од Владата на Обединетото Кралство преку британската амбасада во Скопје, а имплементиран од Центарот за управување со промени.

Новата дигитална услуга ќе ја претстави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, а на настанот ќе присуствува и британската амбасадорка во земјава, Рејчел Галовеј.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com