-3.2 C
Skopje
Wednesday, January 19, 2022

Средба Џафери – Бечиќ: Одлични политички односи, да се интензивира економската соработка

Најчитани вести

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска имаше средба со неговиот црногорски колега Алекса Бечиќ, кој е дојден во земјава како учесник на регионалната конференција „Подобрување на дијалогот меѓу парламентите и новинарите од Западен Балкан”, во организација на Собранието на Република Северна Македонија и Здружението на новинари на Македонија, а се одржува во собраниската зграда.

Собраниската прес-служба соопшти дека Џафери го информирал гостинот за актуелната ситуација во земјава по локалните избори и по најавената оставка на претседателот на Владата и за начинот како ќе се следи деловната постапка за избор на нова Влада за што побрзо нормализирање на функционалноста на институциите, особено имајќи предвид дека не очекува донесувањето на Буџетот на државата за 2022 година. Позитивна работа, посочи собранискиот спикер, е што опозицијата најави конструктивност во донесувањето на Буџетот.

Џафери истакна дека покрај одличните политички односи на билатерален и мултилатерален план, неопходно е да се вложи повеќе напор во интензивирањето на економската соработка и повторно го актуализираше активирањето на авионската линија Скопје-Подгорица-Сараево, како неопходен проект на поврзување на земјите.

Бечиќ, од своја страна, се заблагодарил на поканата за учество на конференцијата и изразил сочувство за трагичната автобуска несреќа на автопатот „Струма“ изразувајќи жалење до семејствата и посакувајќи им брзо опоравување на повредените.

– Говореше за новиот парламентарен телевизиски сервис на Црна Гора, за кој се добитници на признанието „Скупштина граѓана“ од Европскиот парламент, што е во прилог на зголемената транспарентност, поголемиот надзор и овозможувањето на поголем простор за делување на опозицијата. Изрази поддршка на евроинтеграцискиот процес на земјава, информирајќи дека Црна Гора е длабоко навлезена во отворањето на поглавјата, и дека ја нудат сета помош на нашите институции во тој домен. Политиката на проширувањето на Европската унија е од стратешки интерес и за земјите на Западен Балкан меѓутоа и за самата Унија и од суштинско значење е тој процес да се забрза, информира собраниската прес-служба.

Двајцата соговорници споделиле уверување за натамошна конструктивна и интензивна соработка на сите полиња од заемен интерес.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com