8.8 C
Skopje
Sunday, October 17, 2021

Средба на Џафери со Џаферовиќ

Најчитани вести

Џаферовиќ, изрази лично задоволство од денешната посета на нашата земја.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денешната средба со членот на претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ ја започна упатувајќи честитки по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на бошњаците, на присутните гости и на сите припадници на бошњачката заедница во земјава. Посакувајќи им успешна работна посета на соговорниците, Претседателот Џафери констатираше дека со Босна и Херцеговина сме две пријателски земји кои имаат одлични билатерални односи, без отворени прашања и изрази лично уверување дека и во наредниот период ќе се продолжи во истата насока на градење на взаемните односи. Тој искажа подготвеност за време на неговиот мандат да ја поттикнува и поддржува парламентарната соработка на двете земји на сите нивоа, и во таа насока ја реафирмираше неговата покана до неговите колеги, претседавачи на Претставничкиот дом и Домот на народите, да ја посетат Република Северна Македонија во првата можност. Претседателот Џафери изрази задоволство од степенот на развој на правата на бошњачката заедница во земјава и значењето на развојот на тие права за сите припадници на немнозинските заедници. Во продолжение на разговорот, ја потенцираше важноста и значењето на досега потпишаните спогодби меѓу двете земји. Воедно, изрази поддршка за Босна и Херцеговина на нивниот евроинтеграциски пат.

Членот на претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ, изрази лично задоволство од денешната посета на нашата земја, особено од можноста да биде повторно во Собранието на Република Македонија после неговиот последен пат во 2004 година, и нагласи дека за него, парламентарната дипломатија игра многу значајна улога во односите меѓу државите затоа што отвора многу врати и гради многу пријателства. Тој потполно се согласи со Претседателот Џафери дека во наредниот период треба сите заедно да работиме уште посилно и да ја интензивираме соработката во сите области, како парламентарната така и економската соработка пред се. Г. Џаферовиќ нагласи дека, силата на аргументите треба да не води понатаму и лично е длабоко убеден дека времето на конфликти, војни и етнички чистења е завршено. Што се однесува до правата на бошњачката заедница овде во Република Македонија, изрази задоволство од цивилизираниот и коректен пристап што како држава го негуваме кон заедниците кои живеат овде.

На крајот на средбата, двајцата соговорници се согласија дека меѓусебната комуникација и соработка, ќе продолжи како и досега, да се развива со несмален интензитет и во иднина.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com