20.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Средба на Џафери со Началникот на НАТО за врски, полковник Јанкович

Најчитани вести

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, го прими во проштална посета Началникот на Канцеларијата на НАТО за врски во Скопје, полковник Зоран Јанкович.

Претседателот Џафери му се заблагодарил за ангажманот во оваа Канцеларија.

Полковник Јанкович истакнал дека, заслугите за реализација на оваа значајна придобивка за државата се на сите досегашни влади, парламенти и претседатели, но, улогата на Собранието е круцијална во рафинирањето на политичкиот дијалог и консензус за членство во најмоќниот и најдолговечниот воено – политички сојуз на глобално ниво.

Соговорниците размениле мислења за идните активности во НАТО Алијансата кои ќе бидат фокусирани на перманентна трансформација и модернизација, како и градење на стабилни одбранбени системи.

„Сојузништвото со сите земји членки на НАТО заедно, но и врз одвоени билатерални основи, претставува натамошен предизвик за земјата кон постигнувањето на основната цел на Алијансата – заштитник на глобалниот мир и безбедност“, констатирале соговорниците на средбата.

Со одбележувањето на една година од полноправното членство на Република Северна Македонија во НАТО, престанува да функционира НАТО Канцеларијата за врски во Скопје, бидејќи од консумент, државата стана рамноправен контрибутор во сите активности на НАТО, како на политички, така и на воен план, информираат од кабинетот на Џафери.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести