7.8 C
Skopje
Saturday, December 3, 2022

Средба на Џафери со група пратеници од Република Албанија

Најчитани вести

Денес претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери оствари средба со делегација на пратеници од Република Албанија, предводена од г. Таулант Бала.

Посакувајќи им добредојде, претседателот Џафери изрази задоволство од ова средба како продолжение на успешната билатерлна парламентрна соработка.

Претседателот Џафери истакна дека двете држави се во иста фаза на патот кон Европската Унија и изрази надеж дека пречките со Република Бугарија ќе бидат последни на тој пат. Интеграцијата во Европа како и тековната безбедносна и енергетска криза поради агресијата на Русија врз Украина, се полиња каде е неопходна заедничка соработка на Албанија и Македонија со нивните сојузници од НАТО и ЕУ.

Претседателот на Пратеничката група на Социјалистичката партија на Албанија Таулант Бала му се заблагодари на Претседателот Џафери за гостопримството и за напорите на Република Македонија за решавање на ветото од Булгарија кое што го попречи патот на Македонија кон Европската интеграција на двете држави. Тој исто така ги истакна придобивките на иницијативата Отворен Балкан за граѓаните на сите држави учеснички и повика на соработка во сите сфери од заеднички интерес, а повика и на приклучување на другите Балкански земји во ова форум за соработка.

Учесниците на средбата ја истакнаа важноста на меѓусебната соработка во овие тешки времиња и од економски и од безбедносен аспект и ја подвлекоа желбата за почести возвратни посети во иднина.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести