Home » Средба на Сали и Рендевски со претставници на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки

Средба на Сали и Рендевски со претставници на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки

by Журнал.мк

Министерот за здравство Беким Сали и заменик – министерот за здравство Владимир Рендевски денеска се сретнаа со претставници на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки.

На средбата, како што објави на својата фејсбук страница Министерството за здравство, се разговараше за суштинските прашања од областа на сестринството.

– Еден од приоритетите е дека во изработка е Закон за сестринска дејност со кој би се уредиле бројните проблеми кои се наталожени во изминатите години. Министерството го задолжи Здружението да работи заедно со правната служба со цел поскоро донесување на Законот. Воедно, министерот Сали и заменик – министерот Рендевски изразија благодарност до сите медицински сестри за успешното справување со Ковид кризата, посочуваат од Министерството за здравство.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk