17.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Средба на претседателот Пендаровски со австрискиот амбасадор Вуцас

Најчитани вести

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот на Република Австрија, Георг Вуцас.

На средбата се разговарало за актуелните состојби во двете држави.

Претседателот Пендаровски оцени дека Македонија и Австрија во континуитет градат пријателски и партнерски односи во повеќе сфери од заеднички интерес, посочувајќи дека Австрија е меѓу најважните економски и трговски партнери на нашата држава.На средбата претседателот Пендаровски го истакна значењето на континуираната австриска поддршка за аспирациите на Македонија за членство во Европската Унија, посочувајќи на важноста за скорешно одржување на меѓувладината конференција и формалниот почеток на пристапните преговори за членство.

Во контекст на актуелната состојбата врзана со пандемијата од Ковид-19, претседателот Пендаровски се заблагодари за напорите на Австрија да го администрира распоредувањето на вакцините Фајзер/БиоНТек од Европската Унија за земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, која по овој основ до крајот на август треба да добие 119.000 дози вакцини. Претседателот Пендаровски се заблагодари за демонстрираната солидарност и оцени дека Европската Унија и Република Австрија со овој чин даваат значаен придонес во борбата на земјите од Западен Балкан со пандемијата

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести