Home » Средба на министерката Петровска со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо

Средба на министерката Петровска со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо

by Журнал.мк

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Министерството за одбрана оствари средба со амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо и со новопоставеното одбранбено аташе, полковник Хуанг Хе.

Министерката Петровска на денешната средба изрази голема загриженост за руската агресија врз Украина, која претставува кршење на меѓународното право и постулатите на Обединетите Нации.

Таа упати уште еднаш благодарност за донациите од НР Кина за нашата земја во борбата против “COVID-19”

Петровска му честиташе на полковникот Хе за новата работна задача и му посака успешна работа како одбранбено аташе во Република Македонија.

Амбасадорот Ѕуо рече дека Кина внимателно ги следи случувањата во Украина и изразува силна поддршка за светскиот мир. Кина се залага за решение на ситуацијата меѓу Русија и Украина по пат на дијалог и за трајна европска безбедност.

Министерката Петровска и амбасадорот Ѕуо се согласија дека двете земји одржуваат пријателски односи и имаат успешна билатерална соработка која ќе продолжи во иднина.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk