Home » Средба на Лога со Јовевски за модуларната болница

Средба на Лога со Јовевски за модуларната болница

by Журнал.мк

Министерот за правда Кренар Лога денеска оствари средба со државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. На средбата стана збор за текот на постапките кои ги водат Основното јавно обвинителство Тетово и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со пожарот во модуларната болница во Тетово.

Со државниот јавен обвинител Јовески се разговараше и за други прашања како што се потребата да се именува обвинител за врски во Еуроџаст (Единица за судска соработка на ЕУ), носење на Упатство за имплементација на Кодекс за ЈО, Стратегијата за развој на правосудниот систем 2023-2027, електронска распределба на предметите во јавните обвинителства и други теми.

За случајот со модуларната болница во Тетово, во текот на утрешниот ден министерот за правда Кренар Лога ќе се сретне и со шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk