Home » Средба Лога – Абази

Средба Лога – Абази

by Журнал.мк

Министерот за правда Кренар Лога на своја иницијатива се сретна со шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази, информираат од Министерството за правда.

На средбата меѓудругото, се разговарало за постапката која е во тек во ова обвинителство во врска со тендерот за набавка на модуларните болници, во рамките на која се преземаат дејствија со цел испитување на сите околности, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.

Се дискутирало и за новата Стратегија за развој на правосудниот систем 2023-2027 како и реформите кои ќе бидат опфатени со неа.

Јавниот обвинител Абази го информирал министерот за правда Лога дека е финализирана последната јавна набавка за уредување на новиот објект во кој наскоро ќе се пресели Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во овој објект значително ќе бидат подобрени просторните услови за работа на јавните обвинители, а ќе биде опремена и современа форензичка лабараторија која значително ќе го олесни вештачењето на доказите.

Координативни средби ќе продолжат да се одржуваат и во наредниот период, стои во соопштението.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More