3.8 C
Skopje
Sunday, December 5, 2021

Средба Зариф- Лавров за стратешките односи меѓу Москва и Техеранusije

Најчитани вести

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф изјави дека Техеран и Москва имаат стратешки врски, додавајќи дека Русија секогаш била покрај Иран во тешки ситуации.

При пристигнувањето на московскиот аеродром, Зариф истакна дека посетата на иранската делегација на Москва укажува на стратешките односи меѓу двете земји

– Врз основа на политиките на претседателите на Иран и Русија, обете страни воспоставија нови односи, оцени иранскиот министер.

Зариф предводи висока иранска делегација, која вчера пристигна во Москва, а денеска ќе се сретне со рускиот колега Сергеј Лавров на разговори за Договорот за нуклеарна програма со Иран, но и за ситуацијата во Персискиот Залив, Сирија, Авганистан и Јемен, Израел и Либан .

Двете страни се очекува да разговараат за соработката во областа на економијата, трговијата, енергетиката, транспортот и културата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com