На маргините на четвртиот Самит во Солун, премиерот Зоран Заев синоќа имал средба со амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат, на која станало збор за евроатлантската перспектива на земјава.
– Одлична дискусија со премиерот Зоран Заев за силната американска поддршка на САД за интеграцијата на С.Македонија во НАТО и ЕУ и за важната улога на Грција во оваа евроатлантска иднина преку зголемената соработка во одбраната и безбедносната, енергетиката, трговијата и инвестициите, напиша американскиот амбасадор во Грција на неговиот официјален Твитер.