37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Србија ќе го отстрани канабисот од списокот на наркотични средства

Најчитани вести

Министерот за здравство во владата на Србија, Златибор Лончар, изјави денес дека Србија како членка на Обединетите нации ќе ја почитува одлуката на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал да се тргне марихуаната од листата на наркотици и наведе дека Србија веќе работи на тоа.

Лончар, на заедничката конференција за новинари со министерот за здравство на Македонија Венко Филипче, кажа дека нема причина Србија да не ја почитува одлуката на ОН.

„Веќе влеговме во таа проблематика и ние како членка на ОН ќе испочитуваме сè. Работиме на тоа и како тие замислиле нема причина да не примениме, а да не ги загрозуваме граѓаните и законодавството“, кажа Лончар.

Додаде дека одлуката за тоа ќе ја донесат најголемите експерти во Србија и, наведувајќи дека тоа е исклучително чувствителна тема, ги замоли сите да не нагаѓаат однапред што и како ќе биде, туку да се стрпат.

„Темата е исклучително чувствителна. Најстручните луѓе во контакт со ОН ќе го дадат решението. Потребно е трпение“, заклучи српскиот министер.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести