1.8 C
Skopje
Saturday, February 4, 2023

Србија ја набави „Модерна“, Вучиќ бара одлука за трета вакцинација

Најчитани вести

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека неговата земја ја набави и петтата вакцина „Модерна“, која ќе пристигне во октомври.

„Наскоро ќе ја имаме петтата вакцина, ја набавивме и Модерна, таа ќе пристигне во октомври. Наскоро ќе излеземе со првата серија вакцини – компонента 1, произведена во нашата земја “, изјави Вучиќ, а пренесува Танјуг.

Во Србија сега се достапни вакцините Aстра-Зенека, Фајзер/Бионтек, Спутник 5 и Синофарм.

Претседателот на Србија го изрази и очекувањето за еден месец да бидат постаевени темелите за домашната фабрика за вакцини.

Вучиќ, исто така, ја повика медицинската струка што побргу да донесе одлука за воведување на трета доза на вакцина, како и тоа да одлучи за можноста за мешање на вакцините.

Тој истакна дека епидемиолошката состојба се влошува и дека бројките на заболени растат.

Исто така, посочи дека Србија има доволно вакцини и ги повика луѓето да се вакцинираат.

„Во моментов имаме 1,3 милиони бесплатни вакцини и нивниот рок не истекува. Немаме проблем со вакцините “, рече Вучиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести