Србија од денеска слободно ќе тргува со Евроазиската економска Унија, чиј пазар се проценува на над 182 милиони потрошувачи.
Српската премиерка, Ана Брнабиќ денес е во посета на Москва, каде ќе го потпише Договорот за слободна трговија меѓу Република Србија и Евроазиската економска унија и земјите членки.
Брнабиќ ќе учествува на седницата на Евроазискиот меѓувладин совет кој ќе се одржи во проширен состав, со декларација на српската влада, а ќе одржи и билатерални средби со премиерот на Белорусија, Сергеј Румас и со претседателот на Одборот на директори на Евроазиската банка за развој Андреј Белјанинов.
Евроазиската економска унија е формирана на 1 јануари 2015 година, а членки се Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан.