31.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Србија пред нов „локдаун“! Кон: Ако не се затвориме ќе се распадне системот

Најчитани вести

Српскиот епидемиолог, Предраг Кон, по повод актуелната епидемиолошка состојба во Србија, изјавил дека земјата нема друга алтернатива освен воведување вонредна состојба.

Говорејќи како гостин во утринската програма на РТС, Кон потсети дека медицинскиот дел од Кризниот штаб предложил вонредна состојба и затворање на сè освен аптеки, продавници за храна и бензински пумпи, потенцирајќи дека единствено резултат за пандемијата може да даде целосно спречување контактите.

„Мерките што беа за време на викендот не се она што медицинскиот дел од Кризниот штаб го побара, ние баравме далеку поостро, да се затвори сè, освен продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи, за да се прекине преносот на инфекција“, изјавил Кон.

Според него, медицинскиот дел јасно знае дека таквата мерка е економски удар, но дека без оглед на тоа, станува збор за мерка што штити животи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести