37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Србија помина милион вакцинирани со втора доза

Најчитани вести

Србија со втора доза вакцина против коронавирусот вакцинирала повеќе од милион луѓе, јави Блиц.

Државниот секретар на министерството за здравство на таа земја Мирсад Џерлек кажа дека еден дел од населението сега е заштитен, но дека треба да се продолжи со забрзано вакцинирање за да се дојде до два милиони вакцинирани.

„Имаме доволно вакцини за сите наши граѓани, и тоа е наша среќа. Јас се надевам дека до крајот на мај ќе имаме 2,5 милиони граѓани вакцинирани со втора доза вакцина па ќе можеме да очекуваме побезгрижно лето“, кажа Џерлек.

Србија денес имаше 5.471 нов случај на зараза со коронавирусот, а вакцинирани биле 18.528 лица. Во болниците има 7.205 пациенти, а на респиратори се повеќе од ден претходно – 276, објави српското министерство за здравство.

Нема да има попуштање на мерките.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести