15.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

Србија е во Лисабон: Напад на Роналдо и дружината вреден Мундијал!

Најчитани вести

Големо финале за Србија. Би се рекло, потешко не можеше. Задача е да се совлада довчерашниот првак на Европа кој во најсилен состав го чека овој дуел и тоа на свој терен предводен од Кристијано Роналдо, Бернандо Силва, Бруно Фернандеш, Диого Жота

Но, Србија по долго време има селектор кој не се плаши од никого. Не на зборови, туку на дела. Сите во напад, тоа е фудбалската филозофија на Драган Стојковиќ која стапи на сила откако тој е селектор. Таков вели дека ќе биде и во Лисабон, затоа што Србија нема што да загуби и мора да нападне и мора да лови триумф. Но, традицијата не е на нејзина страна, затоа што цели 37 години не ја победила Португалија. Последен пат тоа се случи кога државата го носеше името Југославија, а Драган Стојковиќ постигна гол. Негов прв во дресот со државниот грб, на вториот настап во кариерата.

>>> Сите квоти на мечот Португалија – Србија во MOZZART

Уште малку традиција и бројки. Во последните седум години Португалија загуби само две средби на домашен терен. Еднаш ја победи Франција во Лигата на нации, а вторпат во 2014 година тоа беше Албанија во рамки на квалификациите за Европското првенство.

Од друга страна, Србија одамна не може да се пофали со победа над репрезентација од топ-класа, уште од Мундијалот во Јужна Африка, кога во групата ја победи Германија. Има и по некое реми, а едно од нив е токму против Португалија, за време на пролетта во Белград. И тогаш Пикси тргна со спуштен гард, беше 2-0 за гостите на полувреме, но во вториот дел Митровиќ и Костиќ донесоа реми. Падна и гол на Кристијано Роналдо во 93-тата минута, кој не беше признат, а имаше и еден недосуден пенал за „орлите“ кога Данило играше со рака во казнетиот простор.

>>> Сите квоти во квалификациите за СП 2022 во MOZZART

Клучен проблем за Србија е кој ќе игра крај десната аут-линија затоа што Дарко Лазовиќ, кој е единствен десен крилен бек, отпадна од списокот поради повреда. Португалските ѕвезди се сите заедно. Од Роналдо, преку Бернардо, Бруно и Жота, кој, во Белград беше најголема опасност и ги даде двата гола и тоа со глава, иако е еден од најниските играчи во двата тима.

Очекуваме отворен меч со многу борба. Влогот е голем – Мундијал во Катар. Португалија најави дека нема да оди на бод, тоа гарантира допадлив меч во кој се очекуваат и голови.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com