18.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

Србија го прекинува извозот на нафта, пченица, пченка и брашно

Најчитани вести

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека земјата во четврток ќе го прекине извозот на нафта, пченица, пченка и брашно, а тамошната Влада подготвила уредба за увозот на енергенси.

Вучиќ за ТВ Б92 изјави дека Србија ќе има доволно масло, пченица, пченка и брашно за себе и за регионот.
Тој рече и дека Владата на Србија подготвила одлука за ослободување од царина за увозот на енергенси „од трети земји“.

-Тоа ќе се однесува на нафта од трети земји, доколку увеземе, рече Вучиќ.

Српскиот претседател додаде дека во ЕУ има различни ставови за санкциите за гасот и нафтата и дека ЕУ обезбедува 40 отсто од потребите за гас и 30 отсто од потребите за нафта се од Русија.

-За нас, ако го забранат увозот на сите енергенси од територијата на Русија, тоа значи дека сме во неволја, бидејќи немаме од каде, а гасот и нафтата не можат да паѓаат од небо, рече тој.

Вучиќ додаде и дека е подготвена одлука за субвенционирање на горивото за земјоделците на бензинските пумпи на НИС во следниот месец и половина.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com