17.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

Србија ги укина скоро сите мерки за заштита од ковид19

Најчитани вести

Српскиот Кризени штаб за борба против коронавирусот донесе одлука за укинување на ковид-пропусниците од сабота, соопшти министерката за труд и социјлани прашања Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, јави дописникот на МИА од Белград.
Ковид-пропусниците беа воведени на 23 октомври минатата година и прво важеа по 22 часот, но со зголемувањето на бројот на новозаразени, нивната важност беше продолжена, па се применуваа од 20 часот.

Кисиќ Тепавчевиќ изјави дека делта сојот на коронавирусот „повеќе не е регистриран во Србија“, а во моментот кога била донесена одлуката за воведување на ковид-пропусниците тој бил доминантен и пропусниците биле ефективни за негово сузбивање.

Како што кажа Кисиќ Тепавчевиќ, се задржува препораката за носење маски во затворени простории, а се укинува ограничувањето на бројот на луѓе во затворени простории.

Кога станува збор за изолација на пациентите, таа се уште е во сила бидејќи тоа е основната антиепидемиска мерка, која опфаќа изолација од седум дена, доколку е потребно и подолго – изјави таа за медиумите по седницата на Кризниот штаб.

Се препорачуваат дополнителни, четврта бустер дози на вакцината за оние над 18 години, пет месеци по првата бустер доза, а прифатена е препораката за воведување на бустер доза за вакцинација на деца од 12-18 години, најмалку пет месеци по примањето на втората доза, кажа Кисиќ Тепавчевиќ, додавајќи дека е укинат и карантинот за лицата кои биле во контакт со заразени лица.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com