-7.2 C
Skopje
Saturday, January 22, 2022

Србија водечка земја според бројот на заразени со коронавирус

Најчитани вести

Директорот на Канцеларијата на Светската здравствена организација во Србија, Маријан Ивануша, изјави дека Србија е водечка земја по бројот на заразени со коронавирусот и апелираше до сите да ги почитуваат мерките и да се вакцинираат, јави дописникот на МИА од Белград.

Ивануша за ТВ Прва изјави дека делта сојот на вирусот е „доминантен и најопасен“.

-Има голем број луѓе кои се подложни на вирусот и се заразуваат. Секој бран е за себе, луѓето забораваат на мерките … Србија е водечка земја кога станува збор за бројот на заразени луѓе, изјави Ивануша.

Коментирајќи го ставот на членот на Кризниот штаб, Предраг Кон, дека Србија доцни со ковид пропусниците, Ивануша кажа дека ги повикал граѓаните „уште во јуни да се вакцинираат“.

-За жал, задоцнивме. Кога ви се влошува епидемиолошката состојба, вие веќе доцните со мерките, изјави Ивануша.

Епидемиологот и член на Кризниот штаб за сузбивање на заразна болест Ковид-19, Предраг Кон, за ТВ Прва изјави дека во наредните неколку дена ќе се одржи седница на Кризниот штаб, додавајќи дека единствено затворањето е алтернатива на ковид пропусниците.

-Помина времето кога ковид пропусниците би дале максимален ефект. Единствената алтернатива на ковид пропусниците е затворањето … или да не правиме ништо, но тоа да го соопштиме отворено и ќе ни биде како да сме се вакцинирале, додаде Кон.

Според податоците од владиниот сајт Ковид 19, во Србија епидемиските бројки се влошуваат – се повеќе има заразени во болниците, а како резултат на инфекцијата вчера починаа 32 лица. Расте и бројот на пациенти во ковид болниците. Од нив, 3.621, 167 се приклучени на респиратор.

Веќе неколку дена, бројот на новозаболени е близу до оној забележан на 1 декември 2020 година, кога во Србија беа регистрирани најмногу заразени лица за еден ден – 7.999.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com