На 23.09.2019 во 22.45 часот на Граничниот премин „Табановце“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување на сериски број на патничко моторно возило „фолксваген голф“ со српски национални ознаки, бил приведен А.С.(20) од Република Србија.
А.С. и возилото биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.