Home » Србин од Германија ја избодел сопругата затоа што се развела од него

Србин од Германија ја избодел сопругата затоа што се развела од него

by Журнал.мк

Српски државјанин (31) е уапсен во Милхајм, Германија, поради сомнение дека на сред улица ја избодел сопругата (34), која еден ден подоцна починала во болница.

Според Билд, злосторството се случило во вторникот во 19.30 часот, а несреќната жена починала по неколкучасовна борба на лекарите за нејзиниот живот.

– Во вторникот вечерта граѓаните повикале полиција и пријавиле дека жената лежи избодена на улица. Кога пристигнале патролите и лекарите, затекнале млада жена како лежи пред станбена зграда, додека околу неа биле расфрлани торби и чевли – наведува Билд. Истрагата утврдила дека Србинот ја чекал сопругата со која се развел во близина на зградата во која живее.

-Кога дошла од пазарење налетал на неа и почнал да ја боде на сред улица. Очевидци кои се нашле таму веднаш повикале помош. Болничарите ја нашле жената во локва крв и веднаш ја пренеле во болница – пишуваат медиумите.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More