Скопје, 28 ноември- На Граничниот премин Долно Блаце, на влез во земјава, вчера околу 11:30 часот е уапсен државјанин на Србија.
„При извршена проверка на А.О.(39) од Р.Србија, било констатирано дека се наоѓа во оперативната евиденција со мерка „апси“ по барање на Интерпол“, информираат од МВР.
Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од полициската станица Чаир за понатамошна постапка.