20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Спутник V ќе се произведува и во Србија

Најчитани вести

Рускиот Фонд за директни инвестиции (РДИФ) и Српскиот институт за вирусологија, вакцини и серуми Торлак објавија дека постигнале договор за производство на руската вакцина против коронавирусот Спутник V во Србија. Производството во погоните на Торлак може да започне до мај, објави агенцијата Танјуг.

Србија ќе биде првата земја во југоисточна Европа што ќе ја произведува вакцината Спутник V, а подоцна таа ќе може да се извезува во соседните земји, се вели во соопштението.

Директорот на РДИФ, Кирил Димитријев ѝ се заблагодари на владата на Србија за континуираната поддршка и доверба во Спутник V.

„Србија е меѓу првите земји во светот што го одобри Спутник и ја користи вакцината за да го заштити населението од коронавирусот. Производството на руската вакцина во Торлак ќе обезбеди полесна логистика и ќе помогне во забрзувањето на програмата за вакцинација на земјата”, рече Димитријев.

Министерот за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ, меѓу другото, рече дека производството на вакцината Спутник V во институтот Торлак ќе ги зајакне капацитетите на Србија во борбата против пандемијата на коронавирусот и ќе отвори нови перспективи за дистрибуција на таа вакцина во југоисточна Европа.

„Трансферот на технологијата за производство на вакцината Спутник V од Русија во Србија ќе придонесе за обновување на суверенитетот на нашата земја во областа на производство на вакцини, што ќе биде важен ресурс за секоја земја во иднина“, рече Поповиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести