7.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

„Спутник В“ има 83 проценти ефикасност против делта-сојот

Најчитани вести

Вакцината против Ковид-19, „Спутник В“, е околу 83 отсто ефикасна против делта-сојот, соопшти денеска рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.

Производителите на вакцината во јуни соопштија дека „Спутник В“ е околу 90 ефикасен против делта.

Мурашко додаде дека ефикасноста на „Спутник В“ против тешка форма на ковид која може да доведе до хоспитализација надминува 95 отсто.

Директорот на Институтот Гамалеја, Александар Гинтсбург, кој ја разви вакцината, денеска порача оти Спутник В е безбедна и ефикасна вакцина против сите соеви на коронавирусот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com