6.1 C
Skopje
Saturday, January 23, 2021

Спортски ѕвер со лик на убавица: Која е „Јовка – кумановка“ од новиот спот на „Некст тајм“?

Најчитани вести

Откако го погледнавте новото видео на „Некст тајм“ за нивната преработка на македонскиот фолк класик „Прошета се Јовка – кумановка“, веројатно многумина од вас се запрашаа која е прекрасната девојка која го толкува ликот на Јовка?

Која е убавицата која ја доби улогата на главната хероина од приказната во визуелизацијата на режисерот Огнен Шапковски за видеото на „Некст тајм“? Одговорот стои напишан уште на најавниот промотивен плакат за видеото, а на него името на Викторија Пеовска.

За оние кои го следат спортот, особено оној, најтрофејниот во Македонија, нејзиното име не е непознато. Таа е ракометарка на женската екипа на ЖРК Куманово и македонската ракометна репрезентативка.

Ангелски лик со сето останато што мајка – природа како атрибути и го дала. Од висина, до рамна снага и става, долги нозе, крупни очи, полни усни… Едноставно речено, убавица од веѓи до глуждови, која кога ќе се се појави на паркетот се претвора во вистински спортски ѕвер! Упорна, борбена, прецизна, вистински лидер на тимот на теренот!

Но, згодната и атрактивна кумановка, пак затоа надвор од спортскиот терен е вистинска атрактивна, секси убавица, која не е само успешен спортист.

Имено, Викторија Пеовска својата спортска популарност и убавина спојувајќи ги во едно ги кориссти како модел.

Така неодамна згодната ракометарка стана заштитно лице на еден познат македонски бренд за душеци и перници. Кумановската фирма која извезува и во странство го направи вистинскиот избор одбирајќи ја својата кумановка за модел кој ќе ги рекламира нивните производи! Како што „Некст тајм“ ја одбраа да биде нивната „Јовка – кумановка“…

Но, ова не и е прва улога во музички спот на Викторија. Оние кои ја следат македонската музичка сцена и имаат добро паметење, веројатно се сеќаваат на прекрасната балада „Дал има?“ на Александар Тарабунов – Тара од 2016 година и жешките кадри во видеото на сексапилната, тогаш помалку позната Викторија Пеовска!/skopje24.mk

Викторија Пеовска спортски ѕвер во лик на убавица или Јовка – кумановка, „ѕвер“ од убавина… како сакате!

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести