7.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Спорот Македонија – Бугарија пред решение?! – Оптимизам кај двајцата премиери, по изборите продолжуваат разговорите

Најчитани вести

Владата во Софија има намера да го продолжи курсот што досега го водеше во однос на Македонија, односно да го заштити бугарскиот национален интерес на најдобар можен начин, истакна бугарскиот премиер Стефан Јанев во изјава за БНТ, додавајќи дека, сепак, не треба да се дозволи спорот да се пренесе во ЕУ.

„Ние сакаме јасен дијалог, сакаме да запре јазикот на омразата, сакаме да запре воспитувањето на поколенијата со омраза кон соседната држава, сакаме да запре лошото однесување кон луѓето кои се декларираат како етнички Бугари во таа држава. Овие нешта ќе ги решиме во дијалог, ќе ја најдеме формулата се надевам во блиска иднина, затоа што во моментов има и локални избори во Македонија во средината на октомври, значи по тој период, крајот на октомври, ноември можеби дијалогот друга смисла“, посочи Стефан Јанев.

На ваквата изјава, македонскиот премиер Зоран Заев изјави дека „по изборите во двете земји има добра шанса да се најде решение за блокадата на Бугарија за македонските евроинтеграции“.

„Изјавата на мојот колега премиерот Јанев прифаќам како добра, позитивна порака затоа што навистина на позитивен пат се движиме. Иако работат се уште технички комисии од двете министерства за надворешни работи можам да кажам дека тоа е патот. Низ разговор, низ дијалог да се изнајдат решенијата“, порача Зоран Заев.

За формулирање на договор со Бугарија ќе биде потребна комбинација од силен меѓународен притисок и дипломатска бравура за да се најдат формулации кои ќе ги задоволат двете страни, но не сум сигурен дека бугарската страна ќе биде задоволна со тоа, вели универзитетскиот професор Ненад Марковиќ во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

„Јас не мислам дека треба да дојде до какво било друго решение. Мора да се најдат многу специфични и многу иновативни формулации кои би биле прифатливи за двете страни. Имам впечаток дека Бугарија сепак тргнува кон сценариото да нè понижи во одредена мера, односно да прифатиме нешто што е понижувачко“, додаде Ненад Марковиќ.

Претседателот Пендаровски, за бугарското вето и ЕУ перспективата, коментира дека „за жал ситуацијата нѐ спречува да започнеме пристапни преговори“, иако земјата веќе ги има исполнето сите предуслови, а паралелно изразува надеж дека со новата Влада во Софија ќе продолжат разговорите, но и порачува дека решението треба да биде усогласено со Договорот за пријателство и соработка.

„Ќе продолжиме да дејствуваме конструктивно во разговорите со официјална Софија. Решението на приговорите на Бугарија треба да е усогласено со Договорот за пријателство и соработка на двете земји и да го почитува правото на самоопределување на нашата нација, како и националниот идентитет и македонскиот јазик. Се надеваме дека по бугарските избори ќе ги продолжиме разговорите со новоизбраниот претседател и со политичка Влада со целосна власт што ќе има мнозинство во Парламентот“, вели Стево Пендаровски.

Инаку, во Бугарија по третпат годинава ќе има парламентарни избори кои ќе се одржат на 14 ноември заедно со претседателските избоори.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com