23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Според 99,5 отсто од преброените гласови Нетанјаху ги изгуби изборите

Најчитани вести

Израелската изборна комисија преброја 99,5 отсто односно 2.429.518 гласачки ливчиња, а резултатите покажуваат дека партијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, Ликуд и нејзините десничарски сојузници немаат парламентарно мнозинство.

Мнозинство, според преброените гласоиви не освоија ниту опозицијата и не се очекува преостанатите неизброени гласачки ливчиња да го сменат резултатот од парламенатарните избори што се одржаа во вторникот.

Тоа беа четврти парламентарни избори за помалку од две години, што се сметаа како референдум за способноста на Нетанјаху да владее додека му се суди за корупција.

Ниту Ликуд, заедно со традиционалните сојузници, две верски партии и една ултрадесничарска, ниту неговите противници, не освоија 61 пратеничко место во Кнесетот, кој брои 120 пратеници.

Ликуд и сојузниците освоија 52 пратенички места, а опозицијата – 57.

Две партии се уште не се одлучиле кон кој блок ќе се приклучат. Националистичката Јамина со седум ма,дати, предводена од поранешниот соработник на Нетанјаху Нафтали Банет  исламската партија на израелските Арапи, Раам, освои четири мандати. Арапските партии никогаш не биле во владејачката коалиција, а за националистичките партии таквата коалиција е табу тема.

Сојузник на Нетанјаху, лидерот на ултрадесничарската Религиозна ционистичка партија, Бецалел Смотрих истакна дека нема да се формира десничарска влада со поддршка на Мансур Абас, лидерот на Раам.

На Нетанјаху му се суди за измама, злоупотреба на положбата и за корупција во три случаи. Тој негира каква било вмешаност и ги обвини медиумите, полицијата и Обинителството дека водат политичка хајка против него.

Конечните резултати од изборите се очекуваат да бидат објавени утре. 

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести