21.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Според опозицијата, не е професионално да се менува изборниот модел пред избори

Најчитани вести

Договарањето нов изборен модел на неколку месеци пред изборите е несериозно, непрофесионално и тоа не треба да го правиме, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, одговарајќи на новинарско прашање.

„Имаме закажани избори, па од кој било аспект – од правен, од човечки, од аспект на граѓаните што треба да гласаат на овие избори, едноставно не е добро да го правиме тоа во моментот. Како ќе се одвиваат понатаму работите по изборите и по формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе оставиме времето да покаже“, рече Јанушев.

Запрашан како ВМРО-ДПМНЕ ќе се постави во Собранието по најавите дека и без консензус се подготвува да се оди на измена на моделот, Јанушев рече дека тоа е уште еден груб обид за манипулација како со помалите партии така и со граѓаните во Република Македонија.

„И Заев е свесен дека без консензус меѓу релевантните политички партии, едноставно е невозможно да помине промена на изборниот модел. Тој е свесен дека нема да помине, меѓутоа се обидува да ги манипулира граѓаните и помалите партии. Во однос на нашиот став, кој е добро познат и повеќепати повторуван, особено периодов, нашиот предлог останува ист мнозински со 120 изборни единици и нормално со заеднички консензус да се изгради сето тоа заедно со другите релевантни политички субјекти“, рече Јанушев.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести