За време на денешната средба со германската канцеларка Ангела Меркел грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ќе разговара за привлекување нови инвестиции, ќе го претстави планот на реформи на Грција и ќе презентира големи развојни акции во неговата земја во областа на животната средина и енергетиката меѓу 2020 и 2030 година.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, која ги цитира наводите на грчката влада, ова е прва посета на грчкиот премиер по кризата.
Микотакис не патува во германската престолнина за да покрене прашања што можат да ги решат европските институции и еврогрупи, туку да разговара со германската канцеларка за прашања што се однесуваат на сегашноста и иднината на Европа, како и за безбедноста и соработката во Југоисточна Европа и, секако, улогата на Грција во соседството и во ЕУ, велат извори на грчката влада, пренесува АНА-МПА.
Исто така се додава дека посетата на Мицотакис на Берлин и средбата со Меркел ќе отвори ново поглавје во кое грчкиот премиер ќе покрене прашања како што се грчко-германските економски односи, миграцијата и односите со Турција.
Целта на премиерот, според оваа агенција, е да го смени наративот за Грција во европските метрополи и Мицотакис сака да ја направи Грција растечка земја на ЕУ.