Новото истражување открива кои компании произведуваат најсигурни автомобили (најдоверливи), како и кои модели на автомобили се издвојуваат во овој поглед.
И веќе од старт можеме да речеме дека победникот е сè само не изненадувачки. Сосема очекувано, Lexus се појави како најсигурен бренд на годината, при што Lexus NX е најсигурниот модел на индивидуален автомобил, со речиси совршен резултат. Околу 6.000 луѓе учествуваа во Honest John Satisfaction Index, кој може да им помогне на оние кои планираат да купат ново возило.
Lexus е лидер кога станува збор за задоволството на сопствениците, со вкупен резултат од 92,37 проценти. Јапонската премиум марка, исто така, беше најдобро рангирана во Велика Британија за доверливост, со просечна оценка од 9,89 од 10. Dacia е втора со индекс на задоволство на клиентите од 92,16 проценти, додека Tesla е веднаш зад со 92,12 проценти. Ова е прв пат производителот на електрични автомобили со седиште во Тексас да се појави во индексот на задоволство на Honest John Satisfaction Index.
Уште два премиум производители, Porschе (90,91 отсто) и Jaguar (90,53 отсто), ги комплетираа првите пет брендови според параметарот за задоволство на сопственикот. Најновата верзија на Hyundai Tucson е најдобриот автомобил во Велика Британија за задоволство на клиентите во овогодинешната студија, со просек од 96,64 проценти.
Достапен како хибриден, plug-in хибриден или чист електричен модел, тој е пофален за неговите добри перформанси, леснотијата на возење и доверливоста. Најлошо кога станува збор за задоволството на сопственикот беше класата на Mercedes-Benz GLC (година на моделот 2015-2022). Причината се високите трошоци за поправка и лошата економичност, па затоа доби вкупна оценка од 80,98 отсто. Следи Toyota RAV4 (модел 2013-2019) на второ место со 85,07 проценти, додека трета е Ford Fiesta (2013-2017) со 85,62 проценти.
Секоја година, HonestJohn.co.uk ги поканува сопствениците на автомобили да ги оценат своите возила (со 10 што е максималниот резултат) во неколку важни области. Тие вклучуваат економичност, доверливост, практичност и безбедност, како и перформанси на автомобилот, удобност и леснотија на возење. Ден Пауел (Den Pauel), уредник на HonestJohn.co.uk, коментира: „Силниот ранг на Lexus во индексот на задоволство на HonestJohn е конзистентен, со тоа што јапонската марка е најдобра во 2017 и 2020 година.
Сега повторно го врати првото место со фантастичен индекс од 92,37 отсто во однос на задоволството на сопствениците. Lexus, исто така, води во категоријата на најсигурни автомобили, со NX (2014-2021) оценет како најсигурен модел во ОК. Електричните автомобили се појавија и во овогодинешното истражување, а Tesla за прв пат се појави во топ 10. Треба да се издвојат и Hyundai Kona Electric и Kia e-Niro, кои покажуваат дека новите електрични автомобили се задоволувачки како и нивните еквиваленти на бензин и дизел.
„Ние во HonestJohn.co.uk се гордееме со нашата репутација за давање искрени и непристрасни совети за сите аспекти на автомобилизмот. Затоа секоја година ги испитуваме нашите читатели за да ги споделиме со нас доброто, лошото и грдото за поседување автомобил. .“
Најсигурни марки на автомобили
Lexus (92,37 проценти)
Daciа (92,16 проценти)
Теslа 92,12 проценти)
Porschе (90,91 проценти)
Јаguar (90,53 проценти)
Тоyotа (90,35 проценти)
Hyundai (90,16 проценти)
Kia (90,13 проценти)
Land Rover (89,93 проценти)
Subaru (89,72 проценти)
Најсигурни автомобили:
Lexus NX (2014 – 2021)
Hyundai Tucson (2021-)
Kia XCeed (2019-)
Skoda Superb (2015-)
Jaguar XF (2015-)
Jaguar F-Pace (2016-)
Toyota Auris (201 – 2019)
Dacia Duster (2018-)
BMW i3 (2013 – 2022)
Toyota RAV4 (2019-)