-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

Спировска: Граѓаните знаат да проценат што е добро, „мачкањето очи“ веќе не поминува

Најчитани вести

Дина Спировска е кандидатка за советник од СДСМ за Советот на Град Скопје, која стана позната како жената која на момент ја изгуби свеста на бината зад Шилегов, пред да ѝ помогнат колегите-кандидати за советници. Дина е родена скопјанка, потекнува од Општина Центар и е член на СДСМ од 2009-тата година и се наоѓа на 17-тата позиција на листата за Совет на Град Скопје од СДСМ.

Во кусото интервју за „Независен“, Спировска раскажува за случката и за тоа како сплетот на настани довеле до тоа, но и за брзата реакција на колегите кандидати за советници и медицинските лица кои беа близу до бината.

„Се чувствувам одлично и подготвена да го дадам најдоброто од себе. Искрено, не ми е сеедно во поглед на коментарите од противниците кои се крајно невкусни и користат нечија здравствена состојба со намера да го оцрнат Петре Шилегов како личност, а и нашата советничка листа. Настан од таков карактер мора да биде професионален, без разлика што може да се случат и вакви непредвидливи и несакани моменти. Јас ќе бев разочарана ако непотребно го прекинеше говорот, со оглед на тоа што инстантно се погрижија за мене другите советници, а и од причина што според мене општото добро е пред личното. Дополнително, во рамки на СДСМ секогаш сме биле сите другари пред се, тука беа и колегите советници кои ми помогнаа да се симнам, а до бината ме пречекаа медицински лица кои се погрижија за мене“, вели Спировска во интервјуто за „Независен“.

Додава дека на Скопје му недостига љубов, онаква каква што добива во изминатите четири годинии дека предолго време градот беше уништуван и „силуван“.

На прашањето дали Спировска верува дека Скопје и скопјани ќе ја препознаат разликата и на крајот, ќе донесат исправна одлука за градоначалник и Совет на Град Скопје, одговара дека скопјани во изминатите четири години увидоа кој му мисли најдобро на Скопје и дека поголемиот дел од нашите сограѓани се веќе одлучни дека на 17 Октомври својот глас ќе го дадат за Петре Шилегов и советничката листа од коалицијата „Најдоброто за нашата општина“.

Оние кои можеби сеуште размислуваат или се двоумат, ги покани да го посетат промотивниот штаб на улица Македонија, каде би можеле да поразговараат со кандидатите за идните проекти, да дадат сугестија и да се запознаат со деталната програма и план за Скопје во наредните четири години.

Во однос на противкандидатката на Шилегов поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска и нејзините ветувања кон граѓаните, Спировска смета дека за да се исполни дадено ветување кон некого, пред сè треба да се размисли и осмисли план како тоа ќе се изведе и дали постојат можности за тоа.

„Досега видовме најавени и ветени проекти и популистички мерки кои во пракса би било невозможно да се спроведат. Граѓаните знаат да проценат што е добро, вистинско и корисно. Што би се рекло „мачкање очи“ веќе не поминува и реалната слика е сосема различна“, додава Спировска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com