Home » СПЕКТАЛ НА КОМИТИ! 10 километри долга „бакљада“ за роденденот

СПЕКТАЛ НА КОМИТИ! 10 километри долга „бакљада“ за роденденот

by Журнал.мк

Неколку убави причини имаа навивачите на Вардар за голема прослава во вчеравечер. Се славеше 35-годишнина од основање на групата Комити, 75-ти роденден на Вардар, 15-та титула во ракометното првенство и 5-години од најголемиот успех во историјата на ова спортско друштво – правата европска шампионска титула во ракомет.

Со неверојатна фешта, досега невидена од навивачки аспект во земјава, Комити направија долг шпалир од скопската населба „Хром“ до мостот „Близнак“ кај Ново Лисиче.

Голем број возила во една црвено-црна колона паралелно возеше од едната до другата населба и со сирени ги потсетија Скопјани на убавиот јубилеј од најголемиот успех на еден спортски колектив во земјава.

Централниот настан беше пред сала „Јане Сандански“ во Аеродром каде блестеше пиротехника, музика и добра забава.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More