Home » Спектаклот во Скопје заврши со триумф на „црвено-белите“, боксерите на Црвена Звезда победници во Регионалната лига

Спектаклот во Скопје заврши со триумф на „црвено-белите“, боксерите на Црвена Звезда победници во Регионалната лига

by Журнал.мк

Боксерите на Црвена звезда се шампиони на првото издание од Регионалната лига откако во финалето ја совладаа Лозница со 16:6. Завршницата на Лигата, фајнал-фор турнирот се одржа на плоштадот „Македонија“ во Скопје каде боксерските фанови имаа можност да уживаат во умешноста на најдобрите боксери на просториите на поранешна СФРЈ.

Победата на Црвена звезда и беше олесната бидејќи Лозница не пријави боксери во две категории поради што „црвено-белите“ поведоа со 6.0, а потоа Санел Хасановиќ го предаде мечот во супер тешка категорија пред неговиот почеток поради исцрпеност од вчерашниот полуфинален дуел со боксерот фна Витезови, Јосип Ќориќ.

На првиот ден од завршниот турнир во Скопје се одржаа полуфиналните мечеви на кои Црвена звезда со 18:4 го победи Железничар, додека Лозница со 13:12 славеше над Витезови.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk