-2.2 C
Skopje
Monday, February 6, 2023

Спасов: Трифонов може да состави само влада која ќе се вика како неговиот бенд ” Куку Леле”

Најчитани вести

Слави Триуфонов е невиден шутрак кој појма нема од политика. Тој може да состави само влада која ќе се вика како неговиот бенд ” Куку Леле”, напиша поранешниот пратеник и министер Ѓорѓи Спасов на својот фејсбук профил по изјавата на лидерот на „Има таков народ“,Слави Трифонов кој кажа дека ќе испрати во НАСА еден „северномакедонски астронаут“

-За сега лета само со умот во вселената ама набргу бугарските граѓани ќе почнат да викаат Куку -Леле што направивме и ќе го лансираат таму без подршка од НАСА .Можеби во право бил Тодор Живков. Тој барал да го закопаат со лицето кон земја. Кога го прашале зошто, тој одговорил. Кога ќе видат Бугарите какви политичари ќе дојдат по мене ќе сакаат газот да ми го бакнуваат. Слави е доказ дека Живков бил во право.До сега се зафркаваше со со сите во државата. Сега доби шанса да се зафркава со цела држава. Комичарите како него не сакаат никој да ги сфаќа сериозно. И ние така треба да постапиме.Да не го сфаќаме сериозно господинот Куку Леле, од денес и Бугарин паднат од марс во политиката, пишува Спасов.

https://www.facebook.com/gjorgji.spasov/posts/10225174276774638

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести